fbpx

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка кај Радовиш

Вчера во 14:00 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Штип, во населба Дамјан, радовишко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки нинџа“, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(43) од Гевгелија и трактор „имт 539“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(59) од с.Дамјан.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Штип.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

Share via
Copy link