fbpx

Тракторист прегазен од сопствениот трактор откако не го закочил

На 02.11.2021 во 15.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „Илија Ајдински“ во Ново Село, струмичко, С.П.(69) од Ново Село застанал со трактор „имт 539“ на тротоар и се симнал од него, но не го закочил, по што тракторот почнал да се движи и го удрил, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link