Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Тренчовски до Пандев:Благодариме за се што ни овозможи да видиме во светот на фудбалот
Југослав Тренчовски, алфата и омегата на ФК „Академија Пандев“, пред простувањето на големиот Горан Пандев од репрезентативниот дрес и одигрувањето на последниот натпревар со голема порака до македонскиот капитен.
-Гранде Гоки, иако знаевме деке ќе дојде тој момент кога ќе кажеш доста е веќе, сепак многу ни е тешко, морници не лазат по тело.Знам дека со ова се става крај на нешто што значи светост за сите нас, за цела нација, за цела држава. Тешко ни е многу, но во исто време среќни сме што си наш другар, наш идол, наша светост. Ќе останаеш запаметен како најголем од големите.
Му благодариме на бога и на тебе што те имавме, што ни споделуваше многу успешни и уште повеќе радосни моменти. Секој твој успех значеше и наш успех, наша радост, наши солзи радосници и емоции исполнети со среќа. Благодариме за се што ни овозможи да видиме во светот на фудбалот и спортот воопшто, ти благодариме од срце за се.
Гоки, ти за нас секогаш ќе бидеш икона која засекогаш ќе стои на нашите ѕидови. Те сакаме и тебе и твојата прекрасна фамилија и ти посакуваме многу среќа во животот.
Одиграј го последниот фудбалски танц, уживај во твоите и нашите 90 минути. Засекогаш легендо наша македонска, напиша Тренчовски на својот фејсбук профил.