fbpx

Триесетдневен притвор за жител на Стојаково за разбојништво во казино

 Триесетдневен притвор за жител на Стојаково за разбојништво во казино

Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.А.(26) од село Стојаково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тој, на 28.01.2021 во казино во Богданци со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет. На 16.02.2021, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата и помошните простории на И.А. во с. Стојаково, при што биле пронајдени пари и други предмети поврзани со кривичното дело. При претресот биле пронајдени и стебла од растението канабис.

И.А. бил лишен од слобода, задржан во ОВР Гевгелија и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

На И.А.судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Share via
Copy link