Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
ВМРО ДПМНЕ обвинува дека Коста Костадинов го крши кодексот на фер изборна кампања
Интегрален текст од реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Струмица
Коста Костадинов го крши кодексот на фер изборна кампања. Синоќа активисти на СДММ лепеле изборни плакати на локации на штабови на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасна е намерата на губитниците да испровоцираат омраза и насилство.
Ова е прв пат во модерните изборни процеси во Струмица еден кадидат да ги прелепува изборните плакати на политичкиот опонент. Ова е доказ колку тежи зборот на Костадонов. Насилството и злобата се крие позади лицемерната насмевка.
Ги повикуваме активистите на СДСМ да не подлегнуваат на ,,диктаторските” идеи на Костадинов, бидејќи живееме во Струмица и повторно ќе треба да се погледнеме во очи и по завршувањето на локалните избори.