fbpx

Во Гевгелија приведен дилер на хероин

 Во Гевгелија приведен дилер на хероин

Денеска околу 13:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија го лишиле од слобода А.К.(47) од Штип, со живеалиште во Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.

По претходно преземени мерки, тој бил затекнат со моторно возило „бмв“, а при преглед на теренот, во близина на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе опаковки хероин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link