fbpx

Во пожар кај Дабиле изгореа комбајн, овоштарник и слама

Вчера во атарот на село Дабиле, ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 12 пожарникари интервенираше на гаснење на запален овоштарник со шупа и земјоделски машини, комбајн и балирана слама. Пожарот е локализиран и ликвидиран, а причинета е голема материјална штета.

Пожарникарите интервенирале и во атарот на село Банско, каде гаснеле запалена сува трева и отпаден материјал.

Share via
Copy link