fbpx

Во Радовиш физички се пресметувале Германец и двајца жители на Ораовица

 Во Радовиш физички се пресметувале Германец и двајца жители на Ораовица

На 10.04.2024 во 02:45 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени германски државјанин Р.Г.(35) и Х.К.(34) и М.К.(33) и двајцата од село Ораовица, радовишко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Околу 02:00 часот на ул. “22-ри Октомври” во Радовиш Р.Г. од една страна и Х.К. и М.К. од друга страна го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link