fbpx

Во сообраќајка на патот Николиќ-Нов Дојран потешко повредена сопатничка

Вчера во 11:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот, соопштија од СВР Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link