fbpx

Во струмичката болница се лекуваат 100 лица заразени од Ковид-19

 Во струмичката болница се лекуваат 100 лица заразени од Ковид-19

Во струмичката болница моментално се лекуваат 100 лица заразени од Ковид-19. Од нив 45 се на болничко лекување, а 55 доаѓаат да ја примат терапијата во дневната болница, информираше директорот д-р Наќе Гогов.

Засега е неизвесно кога ќе биде отворен дополнителниот оддел за прием на ковид-пациенти во новиот болнички крак, заради тоа што дванаесет медицински лица се во изолација.

Директорот Гогов бара прием на дополнителен медицински персонал за да може болницата да одговори на потребите на пациентите.

Вчера во Струмица беа регистрирани 586 активни случаи на заразени од коронавирусот, а пред два дена имаше и шест починати.

Share via
Copy link