Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Во Струмица 25 новозаболени и 15 оздравени од Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 1.602 тестови, а регистрирани се нови 855 случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 347• Битола – 77• Куманово – 55• Тетово – 45• Прилеп – 43• Кавадарци – 38• Велес, Охрид и Штип – по 26• Струмица – 25• Кичево – 22• Гостивар – 17• Свети Николе – 14• Кратово – 11• Кочани – 10• Гевгелија – 9• Неготино – 8• Крива Паланка и Демир Хисар – по 7• Ресен, Радовиш , Берово и Валандово – по 6• Струга – 5• Дебар и Виница – по 3• Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2• Демир Капија – 1.
Од вкупниот број на позитивни (855), регистрирани се 189 реинфекции.
Регистрирани сe 683 оздравени пациенти од:
• Скопје – 341• Кавадарци – 45• Куманово – 41• Тетово – 34• Велес – 33• Прилеп – 27• Битола – 23• Неготино – 21• Струмица – 15• Гевгелија – 14• Гостивар – 13• Ресен – 12• Кичево – 11• Свети Николе и Крива Паланка – по 9• Кочани – 8• Охрид , Берово и Валандово – по 5• Кратово – 4• Демир Хисар – 3• Крушево – 2• Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Битола (85г) и Кочани (71г), двете лица се починати во болнички услови, лицата за починати се пријавени во период од 22.07-27.07.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.116.007 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196