fbpx

Во Струмица се одржуваат државните спортски игри за средни училишта-Гимназијада

 Во Струмица се одржуваат државните спортски игри за средни училишта-Гимназијада

Во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ денеска свечено започнаа Државните спортски игри за средни училишта – Гимназијада „Струмица 2022“.

Од името на градоначалникот, кој службено е отсутен, учесниците и организаторите ги поздрави Елена Маѓеровска Паликарова член на Советот на Општина Струмица и заменик на градоначалникот Костадинов.

-Од низата години наназад до денес, ова е четврта голема манифестација од училишниот спорт која се одржува во нашиов град. Тоа не може да биде случајност кога се знае дека Струмица отсекогаш важела за еден од најспортските македонски градови. Во прилог на тоа оди фактот дека „во витрините“ на спортска Струмица се наоѓаат дваесеттина државни шампионски и куп трофеи, во екипните, и уште многу други во индивидуалните спортови. Згора на тоа, овој наш град, како ретко кој друг, е вистински расадник на репрезентативци и интернационалци во разни спортови. Кога една таква Струмица е домаќин на оваа „Гимназијада“, а на која вие учествувате, тогаш сум убедена дека тоа ќе ви биде дополнителен мотив да го дадете Вашиот максимум, за да присуствуваме на квалитетни натпревари во футсал, кошарка, ракомет, одбојка и фудбал. Но најважо од се е, сите ваши натпревари да поминат во фер-плеј и спортски дух, рече Паликарова.

Share via
Copy link