fbpx

За половина година 206 милиони евра поврат на ДДВ вратени кај фирмите

 За половина година 206 милиони евра поврат на ДДВ вратени кај фирмите

И покрај кризата предизвикана од пандемијата со Ковид – 19 во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите во висина од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на претходната година или за 660 милиони денари повеќе.

Ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид COVID-19 кризата.

Споредбено со претходните две години, повратот е значително повисок. Така ако се спореди првото полугодие од 2020 со истиот период во 2018, повратот е повисок за 26% отсто, додека во споредба со 2017 повратот е повисок за високи 44%.

Повратот на ДДВ кон фирмите во услови на COVID-19 кризата е од големо значење, заради зачувување на ликвидноста на стопанството, а со тоа и поттикнување и поддршка на економската активност.

Share via
Copy link