Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Заедничка еко акција на жители на Вељуса и „Комуналец“
Вчера ЈПКД „Комуналец„ во соработка со Месната заедница на населеното место Вељуса започнаа Еко акција за чистење на населеното место.
Во акцијата ЈПКД „Комуналец„ вклучи сопствена механизација, 5 трактора, два багери и петнаесетина работници кои беа распоредени на повеке локации.
Беа исчистени дивите депонии околу и во гробиштата, две диви депонии над населеното место, како и огромната депонија на фудбалското игралиште.
-Огромна благодарност и до Месната заедница на населеното место Вељуса која освен што се вклучи активно во акцијата ќе обезбеди и луѓе кои ке патролират околу селото и ќе фотографираат и пријавуваат секакво фрлање на отпад во и околу населеното место. Апелираме и до сите граѓани активно да се вклучат во акцијата и да го пријават несовесното фрлање на отпад со цел да се казни несовесното и неправилно депонирање, а со сето тоа да ја исчистиме, одржиме и подобриме околината во која живееме, обавија од струмичкото комунално претпријатие.