fbpx

Загина тракторист во Сачево

Денеска околу 12 часот во струмичката полиција било пријавено дека 69-годишен жител на селото Сачево загинал управувајќи го својот трактор.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која додаде дека повеќе детали за трагедијата ќе има подоцна.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица, екипа на полицијата, а смртта била констатирана од страна на Итната медицинска помош.

Share via
Copy link