Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Заврши изградбата на патот кој ги поврзува сите патишта кон Плачковица
Завршија градежните работи за изградбата на локален пат – обиколница во должина од 905,66 м во општина Радовиш, кои се дел од проектот „Туризмот – иднината на регионот“, информираа денеска од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Изградбата на локалниот пат во должина од 905,66 м, кој ќе ги поврзува сите патни правци со планината Плачковица е од особено значење за развој на селскиот и планински туризмот во овој дел од регионот.
Проектот е со вкупна вредност од 8.635.024,00 денари, финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој и сопствено финансиско учество на Општина Радовиш.
Имплементатор на проектот е Центар за развој на Југоисточниот плански регион плански регион во партнерство со Општина Радовиш.
Фото: Центар за развој на ЈПР