„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Жител на село во Општина Конче се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка
На 30.03.2024 во 17:25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ј.К.(49) од село во општина Конче. Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.