fbpx

Жител на Сушица потешко повреден откако со автомобилот излетал од патот

Вчера во 15:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, во близина на село Ново Коњарево, А.Б.(42) од село Сушица, струмичко, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link