„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Жители на Вељуса со протест и блокада против зачестените кражби на нивите
Денеска жители на селото Вељуса со мирен протест и блокада на влезот на селото го искажаа својот револт од зачестените кражби на нивните ниви и штетите кои им ги предизвикуваат крадците.
Според нив, сторители на кражбите се група жители од селото Баница, но се сомневаат дека меѓу крадците има и нивни соселани.
-Не само што ми се обрани црешите, туку искршени се и дрвјата, а често пати сме принудени сами да се браниме, бидејќи крадците доѓаат со вили и стапови, а имаше и неколку физички пресметки, рече Златко Станков, еден од поголемите производители на цреши.
Велат дека проблемот трае со години и досега не е најдено решение. Бараат преку дебата со надлежните институции да најдат решение, а ги повикуваат и пратениците од струмичко да им помогнат со измена на законските решенија.
Се пожалија дека заради кражбите и нападите не можат сами да одат на нивите и затоа бараат од надлежните институции итно да преземат мерки.