МВР соопшти дека вчера во 17:33 часот на место „Живинарска фарма“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле К.Х.(33) од Република Грција. Претходно, тој бил забележан како со патничко возило „нисан навара“ со грчки национални ознаки нелегално, на необележан граничен премин, влегол во Република Северна Македонија. […]
МВР соопшти дека вчера во 13:45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат меѓу селата Стојаково и Богородица, гевгелиско, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на […]
На 31.10.2024 СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(22) и Л.Б.(26), двајцата од Гевгелија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон, соопштија денеска од МВР. На 30.10.2024 А.М., […]
На 08.10.2024 во 15.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – село Смоквица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р.(44) од село Баница, струмичко, товарно возило „ивеко“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(30) од село Селце, прилепско и патничко возило […]
МВр соопшти дека на 07.10.2024 во 08:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија. При преглед во возилото „ауди“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти (две од Сирија и 10 од Ирак). Претходно, околу 07.30 часот на локалниот пат Стојаково – […]
СВР Струмица соопшти дека вчера во 11:35 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во куќа во Гевгелија била пронајдена почината Д.И.(36) од Скопје, која престојувала во Гевгелија. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. Фото: илустрација архива
СВР Струмица соопшти дека вчера во 13:00 часот полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го привеле грчкиот државјанин К.П.(63), постапувајќи по претходна пријава дека околу 11.30 часот во Гевгелија физички го нападнал И.С.(36) од Гевгелија. По документирање на случајот, против него е поднесен соодветен поднесок. Фото: архива илустрација
На 02.10.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат од село Богородица кон село Стојаково, патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(29) од Гевгелија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките В.Т.(59) и М.П.(72), двете од Гевгелија, додека со телесни повреди се […]
На 29.09.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија С.Р.(48) од Гевгелија, додека управувал мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Здравствен дом Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од […]
На 27.09.2024 во 03.50 часот на влез во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки „Богородица“ во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашле 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција. Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото […]