-Првото добредојде им го посакав на спортистите од Карате клубот „Шихан“ од Струмица кои освоија 4 златни и 6 бронзени медали на 21-от Светски традиционален карате шампионат и првиот ИТКФ Светски куп „Хидетака Нишијама“ за деца-каратисти. Им го честитав успехот, разговаравме за натпреварите и силната конкуренција, и им посакав да продолжат со големите успеси, а […]
Младиот голман Славе Вргов е на добар пат да ја продолжи долгата и успешна струмичка фудбалска приказна и да продолжи по патеките на славните фудбалски имиња на струмичкиот и македонскиот фудбал. За неговите успешни одбрани на голот се слушна надалеку и неговиот агент Алесио Сундас го гледа како нова ѕвезда на европскиот фудбал. Скромниот Славе […]
-Пријателството и спортувањето не знаат за граници. Тоа денес на дело го покажаа кошаркарските ветерани од нашата Струмица, кои како организатори и учесници, заедно со ветераните од Волос – Грција, Варна – Бугарија и Лесковац – Србија, како и гостите од Штип, Битола, Велес и Кавадарци, се дел од Меѓународниот турнир во кошарка за ветерани, […]
Одбојкарите на македонскиот шампион, Струмица Никоб, вечерва во салата „Парк“ се поразени од тимот на Мурса од Осиек, Хрватска, со 3:2, по сетови 22:25, 25:23, 12:25, 25:22 и 16:18 во рамките на квалификациската рунда од 32-финалето на Купот на ЦЕВ. Во петтиот сет струмичани водеа со 12:9, но гостите израмнија на 12:12 и поведоа со […]
Одобјакрите на Струмица Никоб вечерва не успееја да изборат пласман во второто коло на Лигата на шампионите на ЦЕВ, откако во Скопје во салата на СПЦ „Јане Сандански“, ја анулираа првичната предност на холандскиот шампион, Динамо Апелдорн од 3:0 во сетови победувајќи со 3:1. Но, златниот сет, кој требаше да го одлучи патникот за второто […]
На 6 јуни, 2001 година, против Турција на квалификациите за Светското првенство 2002 година на 17 години дебитираше Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер на сите времиња.
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во интервју за италијанскиот весник „Газета дело спорт“ изрази желба да остане да работи во фудбалот, како спортски директор или како менаџер. Нашата фудбалска легенда по крајот на минатата сезона остана без ангажман откако сезоната ја заврши во италијанскиот второлигаш Парма, по што беше извесно дека ветеранот […]
Југослав Тренчовски, поранешниот прв тренер на македонскиот вицешампион Академија Пандев, не е повеќе на кормилото на тимот Ал Араби, по само неколку месеци откако седна на чело на кувајскиот клуб. Тренчовски по своите активности во Струмица, се реши за интернационален предизвик и во Кувајт прво беше технички директор во Ал Араби и тренер на вториот […]
Бојан Димовски од Академија Пандев доби повик од селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски кој денеска го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации. Првиот септемвриски меч ќе се одигра на гостински терен во Тбилиси, […]
Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб денес го промовираше и третиот интернационалец од Русија, Максим Михаилов. Искусниот Михаилов во Струмица доаѓа од редовите на Будва, каде настапуваше заедно со Филип Деспотовски. Покрај Михаилов, од Русија во Струмица Никоб пристигнаа и Алексеј Лободин и Александер Злобин.