Никола Ѓоргиев денеска ја имаше и својата официјална промоција во новиот клуб Инегол Беледиеспор, со кој македонскиот репрезентативец потпиша едногодишен договор. Тој ја мина ланската сезона во германскиот прволигаш Фридрихсхафен, а трансферот во Инегол претставува камбек на Ѓоргиев во турската одбојка, каде во периодот од 2011 до 2014 година со успех го носеше дресот на […]
Трајче Аљоков, Коста Поп Иванов и Бобан Јовановски, членови на ЗСР „Шампион 2005“ од Струмица, го освоија екипно второто место на Крапскиот куп натпревар што се одржа викендов на езерото Трсино, кај Виница со вкупен улов од 74 килограми. Натпреварот во органираше Здружението „Крап“ од Виница, а во конкуренција на десет тим крап екипи струмичките […]
Струмичките фудбалски прволигаши Академија Пандев и Беласица првото соочување ќе го имаат на први ноември во рамките на 11 првенствено коло. Инаку, првото коло од новиот шампионат на Македонија ќе се игра на 9. август. Академија Пандев гостува на новиот прволигаш Пелистер, а Беласица на домашен терен ја пречекува екипата на Силекс. Во останатите натпревари, […]
Првото коло од новиот шампионат на Македонија ќе се игра на 9. август. Академија Пандев гостува на новиот прволигаш Пелистер, а Беласица на домашен терен ја пречекува екипата на Силекс. Во останатите натпревари, на Чаир ќе гостува Шкендија каде што ќе ја пречека домашниот Шкупи. Следуваат уште и мечевите Вардар – Борец, Македонија ЃП – […]
Екипата на Беласица продолжува да се засилува за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на струмичката екипа е голманот Дејан Силјановски (25) кој доаѓа од редовите на Саса. Тој претходно беше чувар на мрежата на Тетекс, Македонија ЃП и Љуботен. Инаку Силјановски е четвртиот нов играч во Беласица после Антонио Каланоски, Арбен […]
Покрај засилувањата на составот со играчи коишто лани настапуваа во други клубови, целта на Џио Струмица во пресрет на новата сезона е и да ги задржи досегашните одбојкари. Средниот блокер Ристо Николов потпиша нов договор и ќе остане член на последниот освојувач на двојната круна. Нашиот одбојкарски репрезентативец целата играчка кариера на домашната сцена ја […]
Денес во домот на АРМ Ловното друштво „Беласица“ од Струмица го одржа своето годишно собрание. Оваа година беше и изборна за претседател на друштвото. Педесет и еден делегат на собранието едногласно ја дадоа поддршката за Марјан Даскаловски и му ја дадоа довербата по петти пат да биде на чело на Ловното друштво „Беласица“. -Горд сум […]
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за првата фаза од новата сезона во Суперлигата. Сезоната ќе се игра во две групи од по 7 екипи. По извршувањето на ждрепката беше познат и распоредот на натпреварите, односно комплетирани се сите кола. Во првото коло Астраион на домашен терен ќе игра против […]
Откако ги обезбеди услугите на Владо Милев, Џио Струмица потпиша договор со уште еден македонски репрезентативец – Васе Михаилов. Искусниот, 34 годишен одбојкар, којшто игра на позицијата примач, цела кариера од натпреварувачката 2005-та/2006-та до лани ја мина во својот матичен клуб, а минатата сезона настапуваше за Вардар. Само по една година во главниот град, Михаилов […]
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев потпиша договор со матичниот клуб Џио Струмица и по тринаесетгодишна интернационална кариера повторно ќе игра во нашиот домашен шампионат, објави Одбојкарската федерација на Македонија на својата официјална страница. Покрај тоа што ќе биде големо играчко засилување за најуспешниот тим во последната деценија кај нас, Милев ќе ја извршува и функцијата […]