fbpx

Второлигашите бараат откажување на изборното собрание и нов статут на ФФМ

 Второлигашите бараат откажување на изборното собрание и нов статут на ФФМ

Тринаесет клубови од вторите лиги бараат да не се одржи закажаното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија. Клубовите бараат да биде формирана комисија во која ќе има членови од Агенцијата за млади и спорт, од ФФМ и претставници на клубовите, која ќе изработи нов Статут на федерацијата, кој ќе биде усогласен со законот за спорт.

Од тука бараме ФФМ прво да изврши измени на статутот на начин што ќе го усогласи со Законот за спорт и потоа да се одржи изборно Собрание на кое што органите и телата на ФФМ ќе бидат избрани од страна на Собрание на ФФМ кое ќе биде формирано во согласност со Законот за спорт. Доколку се постапи спротивно на ова барање и се одржи Собрание на ФФМ без претходно усогласување на Статутот, ние клубовите нема да ги признаеме одлуките донесени на такво Собрание.

Во тој момент легитимно ќе биде нашето право да употребиме и порадикални мерки па и да  го прекинеме шампионатот во сите лиги во кои се натпреваруваме,се до законско разрешување на состојбата.

Во насока на решавање на настанатата ситуација и во интерес на фудбалот,предлагаме да се одложи веќе закажаното изборно собрание на ФФМ за 14.03.2021 и најдоцна до 05.03.2021,да се формира независна комисија составена од експерти по предлог на ФФМ (2 члена) Здружение на клубови Прва и Втора лига (2 члена)Агенција за спорт и млади (2 члена) и здружение на фудбалери       (1 член) која во рок од 14 дена треба да предложи измени на Статутот на ФФМ во правец на негово усогласување со законот за спорт, стои во соопштението од Иницијативниот одбор на клубовите од првата и втората лига.

Share via
Copy link