Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ во рамки на проектот „Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари“, поддржан од Општина Струмица ќе организира обука за 20 граѓани на општина Струмица кои ќе се запознаат со нивните права како потрошувачи, како да развијат свест, вештини, знаења и да имаат информации за производите што ги купуваат, […]
„Сојуз на синдикат на земјоделци Струмица“ го реализира проектот „Намалување на ранливоста на струмичкото земјоделство од климатските промени“, финансиски поддржан од Општина Струмица. Во изминатите скоро два месеци се преземени повеќе активности, а во наредните денови ќе почне и конкретната реализација на проектот, со кој се предвидени повеќе активности на едукација и подигање на свеста […]
Македонскиот тренер Југослав Тренчовски својата кариера во новата сезона ќе ја продолжи како ќе биде шеф на стручниот штаб на кувајтски Ал-Араби. Тренчовски минатата сезона ја раководеше академијата на овој клуб кој е повеќекратен шампион на Кувајт, а од оваа ќе биде прв тренер. За него ова ќе биде прв тренерски ангажман по Aкадемија Пандев […]
Денеска се навршуваат точно 10 години од големиот шумски пожар што се случи во месноста „Двата пата“ над Струмица, во кој браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од Рич, Војо Гркљанов од Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица ги дадоа своите животи во одбрана на градот од огнената стихија. По тој повод претставници на семејствата, […]
Поради високите температури и зголемена потрушувачка на водата некои населени места како и горните делови од градот се без вода, информираат од струмичкото комунално претпријатие. -Се обидуваме да постигнеме стабилност на системот со минимални рестрикции. За поскоро елиминирање на проблемот апелираме до сите рационално да ја користат водата исклучиво за потребите на домаќнствата, стои во […]
Ученици од основните општински училишта „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино, согласно Проектот за интеркултурна размена на ученици од основните училишта во општина Струмица „Јакнење на мултиетничката соработка со општините“ со кој градоначалникот Костадин Костадинов има склучено меморандум за соработка, престојуваа во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија. Во […]
Во просториите на Домот на АРМ денеска се одржа повторена Јавна анкета за дел од Централното градско подрачје на делови од Блок 1 (УЕ1), Блок 30 (УЕ7), Блок 33 (УЕ4) и Блок 37/1 (УЕ5) во Струмица, со површина од 8,11 хектари. Јавната анкета по истиот е отворена до 27.07.2022 година и во тој рок заинтересираните […]
-Вчера реков дека најдоброто допрва доаѓа!Денеска го потпишав договорот за најголемиот капитален проект во општина Струмица, кој што е клучен за развој на долниот дел на градот и финансиран исклучиво од буџетот на општина Струмица, објави градоначалникот Костадинов. -Реализираме клучно, стратешко изборно ветување уште во првата година од мандатот.Мостот на река Водочница е прв булеварски […]
На денешната 12-та седница на Советот беа усвоени повеќе предлог одлуки и решенија кои значат продолжување на општинските процеси и почитување на граѓанските потреби. „Ќе имаме Акциски план за родово базирано насилство за 2022-2023 година, а усвоена е одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во Стационар Лана Струмица […]
Денеска во просториите на општина Струмица беше потпишан меморандум за соработка меѓу општина Струмица и Управата за извршување на санкции. Меморандумот го потпишаа градоначалникот Костадин Костадинов и директорот Марјан Спасовски. Со тоа двете институции утврдија взаемна соработка при извршувањето на општокорисна работа како алтернативна мерка за осудените лица. Двете страни се согласија дека меморандумот за […]