Нови предлог проекти во општинските програми за новата буџетска година синоќа дадоа жителите од населените места Муртино, Банско и Габрово на средбите со општинската администрација и претставници на јавните претпријатија. Јавните собири вечер продолжуваат во Свидовица, Куклиш и Костурино. Собирите почнаа на 7, а завршуваат на 18 ноември.
-Во името на СДСМ, собрани сме вечерва овде за јасно и гласно во бастионот на СДСМ, да им кажеме на сите: „Силно и одлучно кон иднината“ и тоа а важи за сите, само не важи за Христијан Мицкоски и неговите пулени кои од иднината бегаат, а за нив единствено мото би било: „силно и одлучно кон минатото“, […]
-Локалната и централна власт предводени од СДСМ на дело покажуваат што знали вистинска грижа за општините, за граѓаните и државата, порача вечерва членот на Извршниот одбор и градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов во своето обраќање на трибината „Силно и одлучно кон иднината“. -Симбиозата помеѓу Општина Струмица и централната власт функционира и дава резултат, таквата соработка […]
Децата од Општина Струмица добија нова модерна детска градинка, најголема во оваа општина, која е подготвена да згрижи 307 дечиња од предучилишна возраст, објави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. -Заедно со премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, а во присуство на деца, родители, вработени во градинките, општината, и […]
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и со градоначалникот на Општина Струмица, Коста Костадинов денеска во Струмица присуствуваа и се обратија по повод новоизградената градинка со капацитет од 307 деца од предучилишна возраст. Градинката „Виножито” е најголемата установа за ран детски развој […]
На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов и оваа година буџетот на општина Струмица за 2023 година ќе се крои заедно со граѓаните преку одржување на Јавните собири во градот и населените места, информираа денеска од Општината. Синоќа во Домот на АРМ се одржа Јавен собир со граѓаните од осумтте урбани заедници во градот на кој […]
Денес беше формиран Ученичкиот парламент во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица. Претставниците од сите паралелки за свој претседател го избраа Ѓорги Цветанов. Заменик претседател на Ученичкиот парламент е Александра Петкова, а членови се Теа Зетова, Дора Акан и Глигор Манчев. Директорката Невенка Стојанова им го честиташе изборот и им посака плодна работа, успешно да го […]
Учениците и вработените во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ денеска го одбележаа патрониот празник. По полагањето цвеќе пред бистата на Влахов, меѓу кои и претставници од Одделението за образование во општина Струмица, беше изведена пригодна програма којашто беше проследена од поголем број гости и пријатели на училиштето.
За прв пат во општина Струмица денеска во Домот на АРМ се формираше Локален совет за претприемништво на којшто присуствуваа жени претприемнички. На првата работна средба присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов на кој унапредувањето на женското претприемништво му беше едно од ветувањата во предизборната кампања. -Верувам во потенцијалите на жените и нивниот претприемнички дух, но […]
-Носиме многу важен документ за младите во Струмица во партнерство со Центарот за истражување и анализи „НОВУС“.Денеска ја одржавме првата работилница за изработка на Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027 година на која се разговараше за моменталната состојба на младите и се дефинираа визијата и мисијата за млади во Општината, објави градоначалникот на […]