Преку јавни собири со граѓаните се крои буџетот за наредната година
На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов и оваа година буџетот на општина Струмица за 2023 година ќе се крои заедно со граѓаните преку одржување на Јавните собири во градот и населените места, информираа денеска од Општината.
Синоќа во Домот на АРМ се одржа Јавен собир со граѓаните од осумтте урбани заедници во градот на кој присуствуваа градоначалникот Костадинов, членови на Советот и претставници на јавните претпријатија и општинската администрација.На собирот се разговараше за сработеното во оваа година, актуелните проблеми и се утврдуваа приоритетните проекти за новата буџетска година.
По 2 дена Јавните собири продолжуваат во населените места.