Тренчевска: Децата од Општина Струмица добија нова модерна детска градинка
Децата од Општина Струмица добија нова модерна детска градинка, најголема во оваа општина, која е подготвена да згрижи 307 дечиња од предучилишна возраст, објави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
-Заедно со премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, а во присуство на деца, родители, вработени во градинките, општината, и други гости, денеска го означивме отворањето на градинката „Виножито“. Инвестирањето во проширување и зголемување на капацитетите за згрижување на децата е еден од главните приоритети на Министерството и Владата. Исто така, она што за нас е особено важно е да имаме рамномерно вложување во сите региони во земјата, за да создадеме еднакви можности за децата и родителите, но и можности за нови вработувања и зголемување на воспитно-образовниот кадар. Со голема радост на вработените им посакувам успешна работа, а на децата пријатни и незаборавни моменти кои остануваат засекогаш!, напиша Тренчевска.