fbpx

Потешко повреден пешак во Струмица

На 08.11.2022 во 18:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Маршал Тито” во Струмица, патничко моторно возило „тојота” со струмички регистарски ознаки, управувано од И.В.(22) од село Моноспитово, струмичко, удрило во пешакот И.У.(38) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link