„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Опожарениот дел од „Глобал“ со тезгите е целосно реновиран и пуштен во употреба
ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува сите граѓани дека опожарениот дел од Трговскиот центар Глобал целосно е реновиран по сите стандарди и е пуштен во употреба, објави струмичкото комунално претпријатие.
Додаваат дека ги известуваат сите правни и физички лица кои сакат да закупат тезга да се јават во канцеларијата на одделението за пазари на ЈПКД „Комуналец“ која се наоѓа во долниот дел на „Глобал“.