fbpx

Полициски билтен:физички напад во Радовиш, казни за брзо возење

 Полициски билтен:физички напад во Радовиш, казни за брзо возење

На 08.07.2021 година во 18.10 часот во Полициска станица Радовиш, Д.Е. (42) од Радовиш пријавил дека околу 17.55 часот на улица „Самоилова“, пред угостителски објект „Гоне“ во Радовиш, бил физички нападнат од С.К. од село Дедино, радовишко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (08.07.2021), во периодот од 21.00 до 24.00 часот, презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената, со употреба на ноќен радар. Притоа биле констатирани 16 прекршувања на брзината, од кои еден возач бил санкциониран поради управување со возило со брзина помегу 50 и 70 километри на час над дозволената, а шест поради управување со возило со брзина помеѓу 30 и 50 километри на час над дозволената. Констатираните прекршоци биле соодветно санкционирани.

Share via
Copy link