fbpx

Црвен крст Струмица почна со делење хигиенски пакети и лектири во населени места во општина Василево

 Црвен крст Струмица почна со делење хигиенски пакети и лектири во населени места во општина Василево

Волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска почнаа со  делење  3.000 хигиенски пакети и лектири за деца до 12 години од турска и македонска националност.

Хигиенските пакети се наменети за семејствата, а оние што имаат деца добиваат и комплет лектири на турски и на македонски. Денес беа опфатени 93 семејства во селата Доброшинци и  Нова Маала.

Пакетите се обезбедени од Светска банка преку Министерството за труд и социјална политика.

Хуманитарната акција продолжува и во наредните денови во останатите села во општина Василево.

Share via
Copy link