„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Кривична за жител на Баница за предизвикување пожар
Денеска Секторот за внатрешни работи Струмица до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.К. (29) од село Баница, струмичко, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот закон, сопштија од струмичката полиција.
На 08.08.2021 година околу 11:30 часот, Д.К. движејки се пеш по магистралниот пат од Струмица кон село Дабиље, запалил дива депонија во која имало насобрано смет, а околу сметот ниско стеблести дрвја и густа вегетација. За кратко време оганот започнал неконтролирано и бргу да се шири, предизвикувајки пожар.
Осомничениот бил приведен, а пожарот бил изгаснат.