fbpx

Струмица цврсто во канџите на коронавирусот:еден починат, 49 нови и 104 оздравени

 Струмица цврсто во канџите на коронавирусот:еден починат, 49 нови и 104 оздравени

Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се 702 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 280• Струмица – 49• Куманово – 47• Штип – 37• Гостивар – 33• Тетово – 28• Охрид – 26• Кичево – 19• Битола – 17• Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16• Свети Николе – 14• Радовиш -13• Струга – 10• Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9• Дебар – 8• Гевгелија и Берово – по 5• Кочани, Неготино и Кратово – по 4• Валандово и Демир Хисар – по 2• Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Пријавени се 24 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 починати лица од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 починати лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г). Од пријавените 21 е починат во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 1.119 оздравени пациенти од:

• Скопје – 512• Струмица – 104• Гостивар – 102• Куманово – 79• Кичево – 56• Велес – 25• Прилеп – 24• Штип – 23• Дебар – 22• Битола – 21• Кавадарци – 18• Кочани и Ресен – по 16• Радовиш 15• Свети Николе – 13• Гевгелија – 11• Картово – 10• Пробиштип – 8• Делчево – 7• Тетово – 6• Неготино, Богданци и Македонски Брод – по 5• Виница – 4• Берово – 3• Валандово – 2• Струга, Крива Паланка, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Дојран и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.203.819 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153, а бројот на активни случаи изнесува 13.952

Share via
Copy link