„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Центарот за култура во Струмица со в.д. директор
Боби Ѓошиќ, вработен во оваа установа, е назначен од Министерството за култура за в.д директор на НУЦК „Антон Панов“.
Оваа одлука на ресорното министерство е донесена откако Управниот суд на 8 јули годинава го поништи огласот за избор на директор од декември лани.
Лани Министерството за култура го именуваше Васил Бубев за директор, откако на конкурсот се пријавија уште двајца кандидати. Незадоволни од одлуката на Министерството тие поднесоа тужба до Управниот суд, која беше прифатена.
Ѓошиќ ќе раководи со Центарот за култура до распишувањето нов оглас и избор на директор.