fbpx

Короната продолжува да коси во Струмица: тројца починати,19 нови и 24 оздравени

 Короната продолжува да коси во Струмица: тројца починати,19 нови и 24 оздравени

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирање, а регистрирани се 557 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 268• Куманово – 39• Велес – 29• Кавадарци, Кичево и Струмица – по 19• Тетово и Штип – по 17• Прилеп – 16• Радовиш – 15• Кочани – 12• Битола и Охрид – по 10• Кратово – 8• Свети Николе – 7• Гевгелија, Гостивар и Ресен – по 6• Валандово и Неготино – по 5• Делчево, Крива Паланка и Струга – по 4• Виница и Пробиштип – по 3• Македонски Брод – 2• Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово – по 1.

Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од:

• Скопје – 281• Куманово – 39• Битола – 33• Тетово – 27• Струмица – 24• Кавадарци и Кичево – по 21• Гостивар – 20• Прилеп – 14• Радовиш – 12• Дебар – 11• Штип – 10• Ресен и Крива Паланка – по 9• Пробиштип – 7• Велес и Кочани – по 5• Неготино и Валандово – по 4• Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Виница – по 3• Охрид, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 28 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 78г, 78г, 77г, 76г, 75г, 74г, 72г, 72г, 65г и 58г), по 3 починати лица од Струмица (85г, 78г и 74г) и Тетово (77г, 69г и 69г), по 2 починати лица од Гостивар (78г и 63г) и Куманово (68г и 45г), по едно починато лице од Битола (74г), Кичево (78г), Валандово (83г), Кавадарци (74г), Гевгелија (87г), Охрид (59г) и Струга (62г). Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984

Share via
Copy link