fbpx

Во Богданци одбележан денот на општината и годишнината од ослободувањето од фашистичките окупатори

 Во Богданци одбележан денот на општината и годишнината од ослободувањето од фашистичките окупатори

Со положување цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци кои загинале во воените дејствија за ослободување на Богданци, Општина Богданци го одбележа Денот на општината, 10-ти Октомври, 77 години од ослободувањето на Богданци од фашистичките окупатори.

На настанот присуствуваа градоначалникот Блаже Шапов, претседателот на Советот Елена Шутарова, пратеничката Драгица Ѓавочанова, претставници од Сојузот на борците и нивни продолжувачи, претставници од детската градинка и општинската администрација кои им оддадоа достојна почит на луѓето заслужни за нашата слобода.

-Денеска празнуваме и чествуваме за храброста и делата на сите борци кои ги положија своите животи за слободен град. Пишаната историја го забележала овој датум како симбол за градење слободно, мирно и модерно Богданци.Нека ни е честит празникот 10 Октомври – Денот на ослободувањето на Богданци и 11 Октомври – Денот на македонскиот непокор!Ви посакувам добро здравје и уште многу вакви годишнини, рече градоначалникот, Блаже Шапов.

Share via
Copy link