fbpx

Одбележана 80-годишнината од големиот 11 Октомври

 Одбележана 80-годишнината од големиот 11 Октомври

Со пригодна свеченост којашто се одржа пред споменикот на Револуцијата во градскиот парк, Oпштина Струмица ја одбележа 80-годишнината од големиот 11.Октомври.

За значењето на Денот на востанието и Денот на борецот, зборуваше градоначалникот, Коста Јаневски.

-Денес е ден за временско премостување. Денес е ден за јубилејно потсетување на еден исклучително значаен датум од македонската историја. 11. Октомври 1941 – 11. Октомври 2021 година. Поминаа точно 80 години, цели осум децении од големиот ден кој е олицетворение на македонскиот непокор, денот кој ја раѓа во нас желбата за почитување и празнување. Овој ден не кани да ги разбудиме чувствата за незаборав кон еден светол датум и настан, и кон сите оние кои исполнети со верба и слободарски дух оставиле востанички белег во него.Република Северна Македонија е гордо исправена под своето знаме, бидејќи 11-октомврискиот татнеж одекна на тој начин што овозможи оддек за подоцнежни историски случувања кои го креираа хронолошкиот растеж на ова парче балканска земја. Тоа навистина е така, оти да не беше 11. Октомври можеби не ќе беше можно да се случи ни асномскиот 2. Август, безмалку три години подоцна, а веројатно ниту многу други настани кои ја одбележаа нашата борба во времето на Народноослободителната и антифашистичка војна, рече градоначалникот Јаневски.

Share via
Copy link