fbpx

Костадинов: Во „Касарната“ се создава град во градот Струмица

 Костадинов: Во „Касарната“ се создава град во градот Струмица

Интегрален текст од прес конференцијата на кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов

Драги Струмичани и Струмичанки,
Сведоци сме на забрзаниот развој и динамика на живот, на светско ниво. Нашата
Струмица не заостанува зад овој тренд. Расте и се развива, а заедно со неа растеме и
се развиваме и ние. Затоа, ајде да се вложиме за нејзиното најдобро издание!

Ме радува фактот дека расте бројот на жители во градот. Со таквата тенденција се
нагласува потребата од изградба на нови капацитети и инфраструктурни решенија кои
ќе ги задоволат потребите на жителите, како од урбана гледна точка, така и во смисла
на одржлив развој и современо живеење.

Токму од оваа причина, постои план за урбанизација и осовременување на
поширокиот опфат познат како “Касарна“. Точно на овој простор каде стоиме денес
почнува да расте, да се создава град во градот Струмица! Со наменското уредување, никнува нова функционална населба, доминантно со згради за колективно домување и со иновативни решенија за урбано живеење.

Последователно на станбените згради, планирано е обликување на просторот со потребна конфигурација на објекти од јавен карактер од областа на здравството, образованието, спортот, како и јавни површини и трговски објекти. Конкретно, предвидена е изградба на училиште, градинка, амбуланта, старечки дом, трговски единици и верски објект. Секако, се третирана е и потребната инфраструктура за изведба на сервисни улици и соодветни паркинг решенија, а како еко‐баланс на целиот комплекс, предвиден е парк со површина од 12.700 метри квадратни.

Сакам уште еднаш да потенцирам дека стојам зад започнатиот процес за урбанизација на локацијата “Касарна“, продолжуваме со развојот и изградбата, но секако и пред сé, со максимално почитување на еколошките стандарди и правилата за точен одржлив развој.
Од срце, за Струмица!

Share via
Copy link