Лекар во Гевгелија нападнат од возач на Итна медицинска помош
Полициски билтен:физички напади во валандовско и Иловица
На 13.10.2021 година во 22.15 часот во Полициската станица Валандово, М.Т.(18) од село Калково, валандовско, пријавил дека околу 21.30 часот во село Башибос, валандовско, бил физички нападнат од Х.А. од село Чалакли. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.10.2021 година во 18.30 часот во Полициската станица Струмица, А.А.(73) од село Иловица, струмичко, пријавил дека околу 18.30 часот во дворно место во село Иловица пријавителот, неговиот малолетен внук и Б.Д. биле физички нападнати од А.А.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.10.2021 во 00.50 часот во Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово го привеле A.E.(27) од Република Турција, со престој во село Дедели, валандовско, затоа што на 13.10.2021 во 23.00 часот физички го нападнал Н.М.(42) од с.Башибос, валандовско. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.