fbpx

Во Струмица 4 оздравени, нема нови и починати од Ковид-19

 Во Струмица 4 оздравени, нема нови и починати од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 83• Прилеп – 6• Куманово и Кавадарци – по 4• Битола – 3• Неготино – 2• Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица:

12 починати лица од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г), 2 починати лица од Куманово (71г и 42г) и по едно починато лице од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г) и Македонска Каменица (87г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од:

• Скопје – 101• Штип – 21• Куманово – 19• Велес – 16• Кратово – 11• Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 9• Тетово – 8• Кавадарци и Валандово – по 7• Струмица-4, Свети Николе и Виница – по 4• Кичево и Гевгелија – по 3• Битола, Радовиш, Ресен, Крушево и Демир Хисар – по 2• Неготино и Гостивар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.344.538 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197 бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759

Share via
Copy link