fbpx

Полициски билтен: Физички напади во Струмица и Радовиш

 Полициски билтен: Физички напади во Струмица и Радовиш

На 27.10.2021 во 21.50 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.З.(45) од Струмица пријавил дека околу 21.20 часот на улица „Браќа Минков“ во Струмица бил физички нападнат од С.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.10.2021 околу 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Р.Г.(64) од село Ињево, радовишко, затоа што околу 22.10 часот на улица „22-ри Октомври“ во Радовиш физички го нападнал М.А.(21) од село Ињево. Тој бил приведен во полициска станица и по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link