„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Жителите од Муртино, Банско и Габрово бараат решавање на инфраструктурни и комунални проблеми
Тампонирање на полски патишта, асфалтирање на сокаци, чистење на каналите и филтер станица во Банско, се дел од барањата на жителите на населените места Муртино, Банско и Габрово, каде што градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим одржа jавни собири.
Јавните собири со граѓаните продолжуваат вечерва во населените места Свидовица, Куклиш и Костурино, на кои ќе се разговара за потребите и приоритетите кои ќе се реализираат со средства од буџетот за 2022 година.