fbpx

Изгоре куќа во село Калково, валандовско

 Изгоре куќа во село Калково, валандовско

На 15.11.2021 во 02.00 часот во Полициска станица Валандово било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на С.М.(44) од село Калково, валандовско, во кој изгореле куќата и покуќнината.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Валандово.

Увид на местото извршиле екипа на ОВР Валандово и инспектор од Дирекција за заштита и спасување Струмица.

(фото архива)

Share via
Copy link