fbpx

Тампонирана улица во Василево

 Тампонирана улица во Василево

Денеска, ЈПКД „Турија“; Василево, по налог на општина Василево вршеше насипување и тампонирање на една од неасфалтираните улици во населеното место Василево.

Според информацијата од претставникот од ЈПКД „Турија“,  за реализација на оваа активност, која опфаќа пополнување на дупките со чакал и тампонирање на улицата во целата должина,  употребени се  околу 15 м3  чакал. 

На лице место  беше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,  кој направи увид во текот на денешната активност, која е само една од низата активности од комуналната  сфера, со која  директно се влијае врз подобрување на секојдневното живеење на граѓаните од општина Василево.

Share via
Copy link