fbpx

Потешко повреден тракторист во сообраќајка во село Костурино

 Потешко повреден тракторист во сообраќајка во село Костурино

Вчера во 16.:50 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, поточно во село Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“, без регистарски ознаки, управуван од Г.Ч.(19) од село Костурино и патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, управувано од П.А.(67) од село Јосифово, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

(фото архива)

Share via
Copy link