Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Jавен повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата
Согласно член 21 став 7 – 15 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/21 и 174/21), член 1 став 2 и член 2 став 1 алинеа 19 и член 6 став 1 од Деловникот за работа на Советот за развој на Југоисточниот плански регион бр. 08-257/1 од 23.06.2021 год., Советот за развој на Југоисточниот плански регион распишува:
за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата
Основни критериуми за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Југоисточниот плански регион се:
- правните лица, апликанти да бидат регистрирани најмалку две години, со седиште и делување на подрачјето на општина во состав на планскиот регион,
- правните лица, апликанти согласно со Статутот на организацијата да делуваат во областа на локалниот и на регионалниот развој и
- правните лица, апликанти да имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.
Членот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Југоисточниот регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас.
Рок за пријавување: Јавниот повик е отворен до 17.12.2021 година.
Заинтересираните правни лица / апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:
- Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за правното лице/апликант (полн назив и контакт податоци) и контакт податоци за овластеното лице, со потпис на овластено лице и печат на правното лице, во оригинал;
- Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци сметано од крајниот рок за аплицирање по јавниот повик наназад, во оригинал;
- Статут на организацијата, фотокопија;
- Копија од Договори со кои се докажува дека правните лица – апликанти имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.
Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават до Архивата на Центар за развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, на адреса ул.Бул.„Маршал Тито“ бр.1-1, 2100 Струмица, со назнака:
„Пријава по Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Југоисточниот плански регион – претставник од здруженијата“.
Пријавите испратени по електронска пошта или факс нема да бидат земени во предвид.
Нецелосната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Лице за контакт за јавниот повик: Ивана Крстев тел: 071/221-132 и 034/340-139.
Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на здруженија кои ги исполнуваат критериумите од огласот.
Пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на состанок организиран од претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик во рок од 15 дена од денот на завршување на јавниот повик.
Претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик упатува официјална покана до здруженијата кои се пријавиле на јавниот повик.
Поканата се објавува на веб-страницата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (https://southeast.mk/) најмалку три дена пред датумот на одржување на состанокот.
Претседател на Советот за развој на ЈИПР
Андон Сарамандов
Целосниот текст на Јавниот повик како и пријавата може да се превземат од следниве линкови: