fbpx

Градоначалникот Костадинов на промоцијата на каталогот на икони во Галерија на „Свети петнаесет“

 Градоначалникот Костадинов на промоцијата на каталогот на икони во Галерија на „Свети петнаесет“

-Претпладнево доживеав вистински празник пред празникот. Во пресрет на Денот на заштитниците на Струмица, Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици, денес во истоимениот црковен храм во Струмица, присуствував на промоцијата на каталогот „20 години галерија на икони, Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“, објави градоначалникот Костадинов.

Во каталогот се опфатени најстарите и највредни икони од црковните храмови од Струмица и Струмичко, а се сместени во Галеријата на црквата „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“, и на тој начин, веќе две децении, се заштитени од несакани влијанија.

-Многу сум импресиониран од самиот настан, но и од сознанието дека струмичкиот регион располага со извонредно богато и бесценето духовно и културно наследство. Упатувам искрени честитки за Националната установа „Завод – Музеј“ – Струмица, во чие издание излезе од печат овој преубав каталог, напиша Костадинов.

Share via
Copy link