Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Заев гласаше на вонредните внатрепартиски избори

СДСМ ја подигна внатрепартиската демократија на највисоко ниво. Членовите избираат претседател на непосредни избори со тајно гласање, со што се поставува нов стандард на македонската политичка сцена, напиша претседателот на СДСМ на својот фејсбук профил.
Денеска гласав на вонредните внатрепартиски избори во општинскиот штаб на СДСМ во Струмица. Им посакувам среќа на тројцата кандидати, победникот ќе има чест и одговорност да продолжи да работи за интересите на граѓаните и за доброто на државата, додаде Зоран Заев.