fbpx

Се инсталира магнетна резонанца во струмичкта болница

 Се инсталира магнетна резонанца во струмичкта болница

Се инсталира нов најсовремен апарат за магнетна резонанца 1,5Tesla во Струмица. Со новите магнетни резонанци овзможуваме примена на нови технологии во нашиот здравствен систем, објави министерот за дравство, Венко Филипче.

-За првпат здравствените установи добиваат апарати опремени со сите најсовремени модификации кои имаат значителна предност и за пациентите и за специјалистите од различни области. Минатата недела на Универзитетскиот институт за радиологија и радиотерапија се инсталираа две магнетни резонанци со јачина 3Tesla. Целта ни е нашите пациенти да добијат здравствени услуги како во европските центри, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

Share via
Copy link