fbpx

Поплавени неколку куќи во Мокрино, затворен пат, одрони

 Поплавени неколку куќи во Мокрино, затворен пат, одрони

Врнежите од дожд засега најмногу штети предизвикаа во Општина Ново Село. Таму е затворен патот меѓу селата Мокрино и Смолари заради појава на свлечиште и одрони, а во селото Мокрино поплавени се неколку куќи и дворови од излевање на локален водотек.

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов информираше дека патниот правец Смоларе-Дражево бил синоќа во прекин, но со брза интервенција е исчистен и е прооден. Во селото Мокрино се поплавени неколку куќи и дворови, а таму екипи работат на расчистување и засекување на водотекот и се очекува во текот на денешниот ден да се изврши проценка на првичните штети. Одронот, пак, во близина на селот Самоилово рано наутро е расчистен

Во Босилово засега на едно место е излеана реката Турија кај Турново. Градоначалникот Ристо Манчев информира дека со багер на комуналното претпријатие се интервенира, но врнежите кои се уште траат можат да предизвикат дополнителни проблеми.

Во Општина Струмица штети засега се евидентирани во селото Банско, каде екипи на „Комуналец“ работат на отстранување и санирање на штетите од наносите предизвикани од водите.

Од Регионалниот центар за известување и тревожење исто така информираат дека на сите критични места се излезени екипи на единиците на локалната самоуправа и од „Македонија пат“, кои работат на расчистување на штетите предизвикани од дождот.

Share via
Copy link